Утрински Весник
Политички Партии

Ахмети повика на обединување околу идејата за прв премиер Албанец

Ахмети свика седница на Централното партиско претседателство

 

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците во земјата и нивните политички партии да се обединат околу идејата за „прв Албанец премиер“. Сега, вели тој, во денешното видео обраќање, е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење.

– Заедно можеме да му покажеме на светот дека нашата земја навистина може да стане општество во кое сите можат да ги остварат нивните сништа и да се чуствуваат рамноправни, во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно
партнерство со САД и ЕУ, рече Ахмети.

Ние, додаде тој, можеме да постигнеме се што сонуваме и за ова треба да се обединиме.

– Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете, истакнаа лидерот на ДУИ.

Според него, идејата за прв премиер Албанец е национална албанска кауза и национален сон, сон на целосна рамноправност и на едно општество што зборовите ги спроведува во дела. Првиот албански премиер, според него, ќе биде премиер на сите, на рамноправост: еднакви работни места и плати, за неселективната правда, ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на ЕУ.

– Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во албанската историја, туку и во таа на Северна Македонија, дури и во европската историја, вели Ахмети, пптенцирајќи дека сега е време за обединување и повторно заедничко дејствување.

Лидерот на ДУИ ги повика сите партии на Албанците во земјата и сите, како што вели, граѓани Албанци и други да ја поддржат нивната кауза, која, како што наведе, е поголема од сите.

– Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива и да се потсмеваат во нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак, и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш, истакнува Ахмети.

Навраќајќи се на 2001 година, тој посочува дека истите луѓе се потсмевале, а потоа „го кренаа белото знаме“.

– И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога претседателот на Собранието на Северна Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес, рече Ахмети.

Тој посочи дека, исто така, имало луѓе кои не верувале оти „албанскиот јазик ќе стане службен јазик, дека знамето слободно ќе се вее и дека ќе има три универзитети на албански јазик“.

– Охридскиот Договор се спроведува. Албанскиот јазик веќе има рамноправен и службен статус, исто како и нашето знаме. Преспанскиот договор е потпишан и Уставот е изменет. Ние сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во Европската Унија. Денес, повеќе од кога било, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен Суд, министри за одбрана и внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и претседателот на Собранието, рече Ахмети. Но тоа, како што посочи, не е доволно и време е за првиот премиер Албанец. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт