Утрински Весник
Македонија

Најмногу казни за не носење заштитни маски во возило

Најмногу казни за не носење заштитни маски во возило
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 10 јуни 2020 (МИА) -Луѓето кои во тетовскиот регион се казнети за не носење на задолжителната маска за лице за заштита од Ковид-19 најмногу овој прекршок го прават кога патуваат во исто возило заедно со други лица кои не се дел од нивните семејства, образложуваат од СВР Тетово.

Следуваат прекршоците кај оние кои не држат растојание на отворен простор и најмалку од казните се изречени за оние кои немале маски во затворен објект.

-Во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски во тетовско изречени се казни на 101 лице. Носењето на заштита на лицето е задолжително освен: доколку се носи посебна заштита на лицето во рамките на извршување на нивни работни обврски, ако се престојува во двор од куќа, ако се вози велосипед или индивидуално се спортува на отворено, ако се патува во возило со лица со кои живее во заедница или домаќинство и доколку се движи на отворен простор и е оддалечен на растојание од два метра од друго лице, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 40 лица (ТЕ-40 и ГВ-2), додека вкупно биле контролирани 525. Едно лице потпишало изјава за самоизолација додека контрола имало на 100 луѓе. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар