Утрински Весник
Македонија

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на КОВИД-19

Чулев: Мораше да се преземат поригорозни анти-корона мерки, луѓето тешко се откажуваат од нормалниот начин на живеење

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Covid 19.

-Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 месецов, а тестот го направил на 6 месецов, кога е потврдено дека е позитивен, пишува на ФБ Чулев.

Последната негова средба со ова лице била на 24 минатиот месец. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација. сст/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија