Утрински Весник
Политички Партии

Соопштеие на ВМРО-ДПМНЕ реакција на соопштението на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот

 

Скопје, 10 јуни 2020

СДСМ инвестираше само во лично богатење на Заеви и нивните најблиски соработници

Три години откако се на власт СДСМ нема ниту еден капитален проект во државата, нема повисоки плата, нема нови работни места.

Без никаков срам се фалат за подобар живот, за капитални проекти, за инвестирање во патната инфраструктура кога народот живее во беда и сиромашија и илјадници граѓани ги изгубија своите работни места поради нивната неспособност.

Се фалат дека граделе автопатишта, а реалноста е дека не беа способни и да ги довршат започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во период на пандемија не беа способни да набават заштитна опрема за лекарите, а ни најмалку пак да инвестираат во нешто друго.

Граѓаните добро знаат дека ова го прават да собираат политики поени, затоа што сакаат избори и во период кога државата има висока бројка на ново заболени.

Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт