Скопје, 10 јуни 2020
Под закрила на Чулев, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кршат мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, режимската матрица на дело
Христијан Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, во време на криза, покажуваат самоволие, прекршуваат мерки и забрани и ги злоупотребуваат институциите за лични и партиски интереси.
Иако целата јавност го виде Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР од кои дел носеа ракавици, сепак за министерот на МВР, Наќе Чулев тоа беше отсјај од светлото.
Под закрила на Чулев, Мицкоски набрзо покажа уште едно непочитување на мерките и седна во затворена кафеана, каде два часа им се криел на инспекторите во контрола, заедно со Љупчо Андоновски, советник на Чулев, со кој седел на маса и кроел план како да се спаси.
По примерот на својот шеф и портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, покажа дека не ги почитува забраните и протоколите.
Во време на полициски час, доцна навечер, спротивно на сите забрани, патувал од Струмица за Скопје, правдајќи се со наводни „службени должности“.
Повеќе од јасно е дека Димче Арсовски злоупотребува дозволи за движење за приватни потреби, знаејќи дека и тој како Мицкоски е под заштита на Чулев.
Очигледно е дека единствената работна задача на министерот од ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, е да ги штити партиските пријатели, и да ја злоупотребува полицијата за притисоци и закани, како што тоа го направи во Струмица, кога со часови во полициска станица, држеа и им се закануваа на млади волонтери кои делеа пакети во хуманитарна акција.
Со почит,
СДСМ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки