Утрински Весник
Македонија

Обвинети за непостапување според здравствените прописи во Прилеп и во Крушево

Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп  до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите во Прилеп или Крушево го прекршиле полицискиот час, па обвинителството за секого од нив во надлежните судови, предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ