Утрински Весник
Македонија

Корона дијалози „Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија“

Корона дијалози „Влијанието на новите политички и правни предизвиди од пандемијата“

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – „Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија„ е тема на денешните шестти по ред е – корона дијалози,во организација на Универзитет „Св.Климент Охридски„-Битола.

Како што е најавено, во е – дијалозите ќе учествуваат проф. д-р Горазд Мешко од Универзитетот во Марибор, проф. д-р Крунослав Боровец, декан на Високата полициска школа-Загреб, проф. д-р Весна Стефановска, Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Ангелина Станојовска, Правен факултет- Кичево, а модератор на дискусијата ќе биде проф. д-р Марјан Ѓуровски, УКЛО.

– Очекувано е намалувањето на насилните и имотните кривични дела. Но, рестриктивните мерки значат намалување на уличниот криминал, а тоа не е единствениот вид криминал, а бидејќи секоја криза е нова можност, така и оваа е плодна почва за одредени видови криминално однесување, кои се проблем, како што се семејното и родово заснованото насилство, кривичните дела од омраза, сајберкриминал, кривични дела против јавниот ред и мир, и се разбира, кривичните дела против здравјето на луѓето, стои во соопштението од организаторите на настанот.

Прогнозите на Европол, се посочува, укажуваат дека е очекуван глобален импакт по завршувањето на пандемијата и зголемување на имотниот криминал, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и сајбер-криминалот. цр/лв/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип