Утрински Весник
Македонија

Петмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Велес​

МВР: Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што посочуваат од Обвинителството, биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сниман, препознаен, но непроцесиран – дали системот затаил и дозволил осомничениот да стане сериски убиец во кумановско?

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците