Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Скопје, 10 јуни 2020 

Само од почетокот на јуни во Македонија има 1.016 нови заразени и 24 починати, а на Заев и Филипче приоритет им се брзи избори наместо здравјето и животите на граѓаните. За да ја спасат политичката кариера на Заев и да избегнат катастрофален пораз подготвени се и покрај вакви бројки да прогласат најнова нормалност. Тоа само покажува дека Заев ја губи битката со епидемијата, а граѓаните за жал поради неговата неодговорност губат здравје и животи.

Македонија е на 103-то место во светот според справувањето со корона епидемијата. Над половина од граѓаните сметаат дека владата лошо се справува со кризата, споредено со регионот. Македонија е земја рекордер на Балканот по заболени и починати на еден милион жители.

Ова се поразителните факти и бројки кои Заев и СДСМ не сакаат да ги видат. Тие тераат кампањи, создадоа дури и кластер во самата партија од заразени, ги изложуваат на ризик здравјето и животите на луѓето, само и само да ги остварат своите тесно партиски интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата со корона, а потоа ќе ја победи на избори епидемијата од неспособност, сиромаштија, криминал и корупција која ја донесе тригодишниот хибриден режим на Заев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт