Утрински Весник
Македонија

Во Велес попладнево краткотраен силен дожд со град и грмотевици

Во Велес попладнево краткотраен силен дожд со град и грмотевици

Велес, 9 јуни 2020 (МИА) – Велес и околината попладнево го зафати силен дожд проследен со град во облик на лешник и со силни грмотевици, а велешките улици и булевари беа преплавени со вода.

Од Регионалниот цетар за заштита и спасување за МИА информираат дека засега нема пријави од граѓани за евентуални штети по електромрежата и други проблеми од силниот дожд со грмотевици и град.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информира, раководителот Зоран Наковски, утре планираат да стапат во контакт со земјоделците од велешкиот поширок регион, за да осознаат дали има предизвикани штети од градот по земјоделските култури, овошните насади, пченицата и тутунот. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Контактите на Мицкоски со обвинители се спротивни на Етичкиот кодекс

Кузеска: Не сум подготвена моите деца да ја плаќаат цената на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Немаме проблем правосудниот испит да се полага на албански