Утрински Весник
Спорт

Судот реши: Нема да има екипи кои ќе испаднат од Лига 1

Официјално: Нема спорт во Франција до септември
Dik 300x250 mk

Париз, 9 јуни 2020 (МИА) – Нема да има екипи кои ќе испаднат од Лига 1 во Франција, која претходно беше прекината во април. Ова денеска го реши Националниот суд на земјата, кој ги разгледуваше жалбите на екипите незадоволни од суспензијата на првенството на 10 кола пред крајот и начинот на формирање на конечниот ранг.

Лион, кој не успеа да се избори за европските турнири, и Амиен и Тулуз, кои требаа да бидат нови членови на Лига 2, се чувствуваа најоштетено и ги бараа своите права на суд. На крајот, тој реши дека првенството нема да се обновува и нема ништо нелегално во начинот на подготовка на финалниот пласман, но Амиен и Тулуз нема да испаднат под овие околности и ќе останат во елитата следната сезона.

Сега раководството на Лига 1 мора да одлучи како да го промени форматот на првенството следната сезона. Има голема веројатност 22 екипи да играат во елитата на францускиот фудбал во следната кампања наместо претходните 20.

Можно е лигата да ја обжали оваа одлука на суд.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја