Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар заврши првиот уписен рок на ученици во фудбалската паралелка

Во Гостивар заврши првиот уписен рок на ученици во фудбалската паралелка

Гостивар, 9 јуни 2020 (МИА) – Спортската академија ја спроведе селекцијата за првиот рок за упис на средношколци во паралелката за фудбал во Гостивар за учебната 2020/2021 година. Во првиот рок за проверка на способностите за спортски вештини на учениците се пријавија 17 завршени осмооделенци.

Селекцијата на градскиот стадион ја направи стручен тим кој ги тестираше психофизичките способности на децата кои се пријавија на конкурсот. Процесот оваа година се одвиваше според строги протоколи за социјална дистанца, дезинфекција на патики и мерките против пандемијата на Ковид-19.

Арѓенд Беќири, претставник на Фудбалската федерација на Македонија, појасни дека изборот на млади играчи е процес што овозможува потенцијалните таленти да направат успешна фудбалска кариера. Тој рече дека покрај ученици од гостиварскиот регион, на проверка се дојдени и ученици од Кичевско и Дебарско, кои се дел од предвидениот регион.

Избраните кандидати ќе бидат дел од ДСУ Спортска академија во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2020/2021 година.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Од отворањето на фудбалската паралелка во Гостивар досега се поминати четири генерации.

Учениците, покрај редовните часови во училиштата, четири дена во неделата имаа фудбалска настава и тренинзи со матичните клубови. За учениците кои се од поодалечени места обезбедено е сместување во гостиварскиот интернат. Доколку не бидат пополнети предвидените места и има интерес за упис, наскоро ќе биде распишан конкурс за уште еден уписен рок. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта