Утрински Весник
Економија

Светска банка предвидува пад на БДП на земјава од 2,1 отсто годинава и раст од 3,9 проценти во 2021

Светска банка предвидува пад на БДП на земјава од 2,1 отсто годинава и раст од 3,9 проценти во 2021

Вашингтон, 9 јуни 2020 (МИА) – Светската банка (СБ) предвидува дека во 2020 година земјава ќе има пад падот на бруто домашниот производ од 2,1 отсто, по што следната година ќе забележи економски раст од 3,9 проценти.

Во најновиот извештај на Банката за регионот на Западен Балкан се прогнозира дека БДП оваа година ќе биде помал од 3,2 отсто, додека економското закрепнување во регионот ќе има раст од 4,6 проценти.

Прогнозата на Светска банка се заснова на верувањето дека довербата на потрошувачите и деловната доверба ќе бидат обновени, бидејќи влијанието на пандемијата на Ковид-19 ќе слабее, а политичката нестабилност ќе остане под контрола.

– Зголемувањето на фискалните обврски во регионот го намалија просторот за фискална поддршка и ја ослабија деловната клима, проценува СБ.

Во поглавјето посветено на Западен Балкан се наведува дека понатамошното заострување на глобалните услови за финансирање може значително да ги зголемат трошоците за сервисирање на долговите, а тоа претставува посебен ризик во земји со висок ниво на долгови или големи потреби за надворешно финансирање, пред се во Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Најголем економски пад во регионот на Западен Балкан во 2020 година е предвиден за Хрватска – 9,3 отсто, додека следната година растот на хрватската економија треба да биде 5,4 проценти.

За Србија, Светската банка предвидува пад на БДП во 2020 година од 2,5 отсто, додека економското закрепнување во 2021 година ќе биде изразено со раст од четири проценти.

Црна Гора оваа година ќе се соочи со пад на БДП од 5,6 проценти, а растот следната година би изнесувал 4,8 отсто.

Босна и Херцеговина ќе има пад на БДП од 3,2 отсто, додека следната година растот треба да достигне 3,4 проценти.

Падот на БДП на Албанија ќе достигне пет отсто оваа година, а закрепнувањето следната година ќе биде 8 проценти. Наведено е и дека епидемијата со Ковид-19, како и неодамнешниот земјотрес, негативно ќе влијаат на туризмот во Албанија.

Бугарија годинава ќе има пад на економијата од 6,2 проценти, а Романија за 5,7 отсто, додека предвидениот раст следната година е 4,3 проценти за Бугарија и 5,4 отсто за Романија.

Во својот најнов извештај, СБ прогнозира пад од 5,2 отсто на глобалниот БДП во 2020 година и долготрајна длабока рецесија што може да има трајни негативни ефекти врз помалите инвестиции, ерозијата на човечкиот капитал заради изгубените работни места и образованието, како и фрагментацијата на глобалната трговска поврзаност. об/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“