Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 87 случаи на КОВИД-19. Во истиот период регистрирани се и пет оздравени пациенти, како и едно починато лице, информира Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани по направени 987 тестирања. Од новорегистрираните 87 во Скопје се – 41, Куманово – 12, Штип – 16, Тетово – 10, Струга – 1, Охрид – 2, Гостивар – 1 и Пробиштип – 4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира пет оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1373, активни 760
• Куманово 568, активни 150
• Дебар 53, активни 2
• Штип 223, активни 185
• Прилеп 218, активни 25
• Тетово 301, активни 135
• Струга 106, активни 33
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 37, активни 20
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 51, активни 29
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек – 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103. Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на КОВИД -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат два пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера : Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2. сст/сп/