Утрински Весник
Македонија

ДЗС: Лани за 3,6 отсто зголемена смртноста во однос на 2018 година

ДЗС: Лани за 3,6 отсто зголемена смртноста во однос на 2018 година
Dik 300x250 mk

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Бројот на починати лица во земјава лани е зголемен за 3,6 проценти во однос на 2018 година и изнесува 20.446. Поголем број се од машки пол и тоа 10.616 или 51,9 отсто од вкупно починатите лица. Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, односно 76,0 години кај лицата од женски пол или се бележи за 4,4 години повисока просечна возраст кај жените, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на починати доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број починати лица изнесува 0,5 отсто на 100 умрени лица.

Според овие податоци, најголем број смртни случаи 2.027 има во месец јануари.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат лица починати од болести на циркулаторниот систем и тоа во 51,8 отсто случаи од вкупно починатите, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите и тоа во 18,6 отсто, па со 4,6 отсто се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем се застапени со 4.4 проценти од вкупно умрените. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадинов: Ова не е обичен пораз, туку тешка брука

ВМРО-ДПМНЕ: Остваривме историски резултат, по 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат