Скопје, 9 јуни 2020
Наместо со дефокус на јавноста СДСМ да се зафати со работа и да ја реши здравствената и економска криза.
Неспособната власт на СДСМ на секој можен начин со обидува со лаги манипулации и дефокус да го оттргне вниманието на јавноста од капитулацијата со корона пандемијата.
Лажните вести, местенките и постојаното следење на опозицијата од параполициски структури на СДСМ нема да ги спаси од судот на народот.
СДСМ се обиде да владее со страв, но тие се прочитани и најголемата казна им следува токму од народот.
Кога Костадин Костадинов следен пат кога ќе зборува за режим нека ги прочита извештаите на „Форбс“. Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот.
Кога Костадин Костадинов следен пат ќе зборува за притисоци кон медиуми нека одговори колку работи „Црвениот телефон“ за притисоци врз директори и уредници.
Следен пат Костадинов нека ги провери официјалните извештаи каде што секаде сме на дното на листите. Со СДСМ и Зоран Заев на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.
Костадин Костадинов и СДСМ кластерот во време на светска пандемија вршат поткуп и ја шират заразата помеѓу граѓаните.
Наместо лаги и манипулации СДСМ да се зафати со работа и да се справи со здравствената и економска криза.
Додека Филипче манипулираа со бројките и тестовите, власта носи небулозни мерки кои имаат контра ефект и кои самата не ги почитува.
Шилегов и Шекеринска во ек на корона криза правеа забава во Маврово откако ги затворија Скопјани во карантин.
Буџетот е празен, мерките за поддршка на бизнис секторот и стопанството закаснати и ненавремени, а власта на Заев си дели милиони евра на свои невладини организации во време на корона криза.
СДСМ не се грижи за граѓаните, власта и функционерите на Заев единствено се грижат за сопствените зделки и бизнис интереси на кланот Заеви. Граѓаните ќе ја казнат СДСМ за неспособноста, ароганцијата како и за огромниот криминал и корупција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________