Утрински Весник
Македонија

Трет ден во Прилеп нема новозаразени, но се зголемуваат прекршочните пријави за неносење маски

Трет ден во Прилеп нема новозаразени, но се зголемуваат прекршочните пријави за неносење маски

Прилеп, 9 јуни 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирусот што е трет последователен ден. Денеска се евидентирани двајца кои оздравеле и во моментов во Прилеп се вкупно 25 активни случаи. Од нив 20 пациенти се наоѓаат на домашно, а пет на болничко лекување. Инаку, од почетокот на пандемијата вкупниот број заболени во Прилеп е 218.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во последно време се заострени контролите на полицијата за носење заштитни маски и речиси секојдневно во Прилеп има повеќе од 10-ина прекршочни пријави. Во текот на вчерашниот ден се изречени најмногу, вкупно 48 прекршочни пријави за неносење заштитни маски. Во центарот на градот полицијата дури им објаснуваше на минувачите колку е битно за заштитата носењето маски на лицето и држење физичка дистанца. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”