Утрински Весник
Магазин

Камил Готлиб сѐ попопуларна на Инстаграм

Камил Готлиб сѐ попопуларна на Инстаграм

Монте Карло, 9 јуни 2020 (/) – Камил Готлиб можеби не е славна како нејзината мајка или како баба ѝ, кои светот ги помни како принцези од Монако, но, според многумина, и девојката од третата генерација, успешно се бори за своите „пет минути слава“.

Се работи за внуката на глумицата Грејс Кели и ќерка на принцезата Стефани со нејзиниот телохранител Жан-Рејмон Готлиб, кој, меѓу другото, ѝ бил и ски-тренер.

Принцезата Стефани долго време не откриваше пред јавноста кој ѝ е татко на Камил, оти претходно веќе имаше две деца со друг нејзин телохранител – Даниел Дукре. Но, Камил е доста приврзана за татко ѝ и често говори за него на Инстаграм.

Новата ѕвезда на социјалните мрежи, Камил, меѓу другото, е и посветена хуманитарка. Имено, таа е иницијатор на образовна програма чија цел е да ги предупреди младите за опасноста од возење под дејство на алкохол. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува