Утрински Весник
Спорт

Биноото: Почетокот на сезоната ќе биде тежок, бидејќи зимските тестови беа незадоволителни

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Маранело, 9 јуни 2020 (МИА) – Шефот на Ферари, Матија Биното, смета дека брзината што ја покажува тимот на претсезонските тестови не дозволува да очекуваат лесни победи на почетокот на сезоната 2020 година.

– Ова ќе биде нестандардно првенство, кое делумно ќе се одржи без гледачи, со ревидиран распоред и екипи кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба. Како и да е, ние ентузијастички се подготвуваме да го покажеме максимумот и сме среќни што ги вративме трките. За нас, почетокот на сезоната ќе биде тежок. Ферари ќе го има истиот автомобил што го донесовме во Австралија бидејќи базите мораше да бидат затворени. Резултатите од зимскиот тест беа незадоволителни, изјави Биното во интервјуто за „Ла Стампа“.

Италијанецот зборуваше и за ознаката на 1000 Гран при, што „Скудерија“ мора да ја надмине оваа година:

Ова ќе се случи на деветтата трка во сезоната. Според новиот календар, трката во Монца ќе биде 999-та.

– Дали годишнината би можела да се одржи на патеката „Муџело“? Да, ние сме подготвени да ја прифатиме трката. Патеката Муџело е во сопственост на Ферари и е една од кандидатите за домаќин на Гран-при оваа година заедно со „Хокенхајм“ и „Имола“, вели Биноти. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига