Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Имаше приговор за изборите во декември за Теарце и пред зградата на ДИК имаше насоки од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ до сите членови од градинки, претпријатија, државна администрација. Преку Спиро Ристевски, кружеше информација ако ДИК не одлучи во нивна полза, треба да се влезе во ДИК насилно. 27 април ќе се случеше во тој период ако ДИК одлучеше во полза на опозицијата, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.
Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, на денешното судење како сведок, рече дека Судскиот совет треба да биде запознаен дека во тек на овие две и пол години е под постојани закани од страна на безбедносните структури заради неговиот исказ во овој предмет.
– Во 2015 година во екот на политичката криза бев ангажиран од страна на тогашниот директор на БЈБ Горан Груески. Тој ми даде надимак „Самурај“. За него собирав информации од безбедносен карактер, изјави Василевски.
Во 2016 година, посочи Василевски, кој тој беше сменет добив насоки да му бидам очи и уши на Никола Бошковски.
– Во септември 2016 како директор на УБК беше именуван Владимир Атанасовски. Контакт ми даде Горан Грујоски од него. Пред да стане диркетор Атанасовски се сретнав со него, заедно беше и Никола Бошковски и Лубо Петрович, од Третата управа, изјави Василевски.
Трибините на граѓанското движење „За заедничка Македонија“, сведочеше Василевски, беа дека некој сака да ни ја загрози државата.
– Тие беа гласник на партија ВМРО-ДПМНЕ. Добивав насоки од Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, изјави Василевски. оџ/аа/