Утрински Весник
Македонија

Дојранското Езеро безбедно за капење и рекреација на гостите

Дојранското Езеро безбедно за капење и рекреација на гостите

Гевгелија, 9 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги објави резултатите од најновите испитувања на водата на Дојранското Езеро што при крајот на мај ги направи Центарот за јавно здравје од Велес.

-Резултатите од сите примероци за анализа на водата, кои беа земани од Градската плажа, како и од плажите Гранико и Полин, покажаа дека водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и дека, според стручното мислење, таа е безбедна за капење и рекреација на гостите, со изјави Ангов.

Тие се исти како и резултатите од минатата година, поточно ја истакнуваат непроменетата одлична сотојба на водата и покажуваат параметри кои не се штетни по здравјето на луѓето.

За време на туристичката сезона, во месеците јули и август ќе бидат направени уште неколку анализи за квалитетот на водата во Дојранското Езеро. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Метален профил усмрти 23 годишен градежен работник во индустриска зона кај Петровец

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Косовар баран од Интерпол уапсен на Блаце