Скопје, 9 јуни 2020
Желбата на Заев за власт ги чини граѓаните здравје.
Секојдневните трицифрени бројки од новозаболени од Ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на СДСМ.
Бројката која надмина 3.150 заразени е катастрофална. Во ваква ситуација е ненормално СДСМ и Заев уште да зборуваат за избори на 5 јули.
На листата на „Форбс“ сме рангирани на 103-то место во светот, односно се наоѓаме во групата на небезбедни држави по однос на справување со епидемијата.
Но за жал, тоа не е доволно за СДСМ да се откажат од идејата да се одржат брзи избори.
Зоран Заев го стави на ризик животот на илјадници, па со конфузни мерки направи хаос во државата.
Додека неговите функционери се шетаа низ Маврово и Берово народот беше затворен во четири ѕида.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. СДСМ за три години донесе хибриден режим, растечка корупција и криминал и сиромаштија во целата држава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки