Утрински Весник
Македонија

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица (ДПЛ)

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица (ДПЛ)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 8 јуни 2020 (МИА) – Едно лице загина, а десет се потешко и полесни повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во 18:50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, објави Територијалната противпожарна единица на Струмица, која во извлекувањето на настраданите користела специјални хидраулични алатки.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во автомобил, во кој бил загинатиот, а педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид.

Сообраќајот кон Струмица е во прекин и се насочува по стариот пат преку селото Добрејци. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник