Утрински Весник
Спорт

Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец

Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец

Милано, 8 јуни 2020 (МИА) – Голем број на европски клубови се заинтересирани за дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо. Бразилските гиганти веќе одбија понуда од Сампдорија, но се соопштува дека има зголемен интерес од Аталанта, Челси и Интер.

Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре трансферот.

Бразилскиот клуб сака околу десет милиони евра за дефанзивецот.

Бразилскиот гигант доживува финансиски тешкотии и скоро сигурно ќе го продаде својот фудбалер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига