Утрински Весник
Македонија

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје се позитивни на коронавирусот.

Директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево изјави дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи.

-Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање, изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на коронавирусот.

Запрашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.

-За среќа кластерите ни се познати, изјави Зибери. ев/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ