Утрински Весник
Македонија

Еден загинат и неколкумина повредени во сообраќајка кај Струмица

Еден загинат и неколкумина повредени во сообраќајка кај Струмица

Струмица, 8 јуни 2020 (МИА) – Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеа и лежеа неколку лица, најверојатно мигранти.

На местото на несреќата забележливо беше силно полициско обезбедување, против пожарно возило и возило на итната медицинска помош.

Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристоска: Единствената цел е да се спречи конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 2“

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци