Утрински Весник
Спорт

Каталонски „Спорт“: Јунајтед понудил 100 милиони евра за Ансу Фати

Фати не играше на јуниорското СП, но не играше многу ниту за Барселона

Манчестер, 8 јуни 2020 (МИА) – Пред неколку дена се појави информација дека Барселона одбила понуда вредна 100 милиони евра за еден од нивните голеи таленти – Ансу Фати. Името на клубот не беше споменато тогаш, бидејќи само беше објавено дека е меѓу големите европски клубови. Сега е откриено името на тимот- Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да го засилат нападот, тврдејќи дека се откажале од претходната трансфер цел број 1 – Џејден Санчо. Сепак, тие брзо се префрлија на младиот од Барселона, но каталонскиот клуб категорично ја одбил понудата.

Според „Спорт“, голем број клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Фати. Барса беше изненадена кога Мендеш се јавил пред неколку недели да праша за цената. Во тој момент, тие рекле дека тој не е на продажба и дека неговата клаузула за ослободување е 170 милиони евра.

Убедени дека никој нема да ја достигне оваа сума, сметале дека прашањето е затворено. Десет дена подоцна, сепак, агентот се јавил и рекол дека Јунајтед се подготвени да платат 100 милиони евра за него.

Ова ги изненадило Каталонците, но тие повторно одбиле, бидејќи гледаат во Фати идна голема ѕвезда на тимот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП