Утрински Весник
Македонија

ОЈО Радовиш бара казни од по 500 евра за десет лица за непочитување на полициски час

Во Радовиш излечени четворицата пациенти заболени од коронавирус

Радовиш, 8 јуни 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од пет евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гевгеличанец осомничен за обљуба и напад врз малолетничка

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто