Утрински Весник
Македонија

ЈО бара парични казни за седум лица во Битола за непочитување на полициски час

Општина Битола почна со доделување средства за инвертер клима уреди

Битола, 8 јуни 2020 (МИА) – Основен јавен обвинител му предложи на судот изрекување парични казни од по 2 000 евра за седум лица од Битола за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување. Тие, во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила,  биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш или со возила без притоа да поседуваат дозвола за движење, стои во соопштението од ОЈО.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност.​ аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје