Утрински Весник
Македонија

Се врши дезинфекција во зградата на штипските подрачни единици на ПИОМ и ФЗО

Се врши дезинфекција во зградата на штипските подрачни единици на ПИОМ и ФЗО

Штип, 8 јуни 2020 (МИА) – Зградата во којашто се сместени штипските подрачни единици на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување денеска е затворена, бидејќи се прави комплетна дезинфекција на сите канцеларии.

Надлежните од вие две институции информираат дека дезинфекцијата се прави откако во подрачната единица на Фондот за ПИОМ и официјално е потврдено дека тројца од вработените се позитивни на Ковид 19. Додека, во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување има потврдено еден позитивен случја и двајца вработени се во самоизолација.

Надлежните од штипскиот Фонд за ПИОМ велат дека на сите вработени им е извршено тестирање во текот на викендов и сега во своите домови ги чекаат резултатите. Вкупниот број на вработени во овој фонд се 17 и по добивањето на резултатите во текот на денешниот или утрешниот ден ќе се донесе и одлука како ќе се продолжи работата.

Додека, пак, од Фондот за здравствено осигурување велат дека и денеска работат со странките, но по електронски пат. Во овој фонд  вработени се  вкупно 25 лица. Инаку уште од почетокот на пандемијата е направена реорганизација во просториите на овој фонд и со странките се работи само на еден шалтер, а вработените се со заштитни маски и на социјална дистанца од два метри. вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје”

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

СДСМ: Сиљановска вели колегите и кажале за авионот, а што велат за најниските плати во Европа