Утрински Весник
Македонија

Тетовец нападнат откако предупредил соседи дека се крши полицискиот час

Тетовец нападнат откако предупредил соседи дека се крши полицискиот час

Тетово, 8 јуни 2020 (МИА) – Тетовец бил нападнат откако предупредил соседи пред зградата дека го нарушуваат јавниот ред и мир и полицискиот час. Настанот се случил вчера на неколку часа пред да заврши 80-часовното ограничување за движење во комплексот згради Блок 70 во Тетово.

– Во 18:30, В.С.(32) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „180“– Блок 70 во Тетово бил физички нападнат од 23-годишниот С.С., кој со уште неколку други лица, пред зградата во која живеел, го нарушувале јавниот ред и мир и биле предупредени од негова страна. С.С. и В.С. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Инаку, за текот на трите дена полициски час СВР – Тетово бележи вкупно 37 нарушување на полицискиот час. Од вкупната бројка 20 се однесуваат на периодот од недела во 7 часот до утрово во истиот термин.

За време на викенд полицискиот час се издадени прекршочни глоби за неносење маска на лице на вкупно 135 лица, а само во изминатиот 24 часовен период на 27 луѓе.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,нНови решенија за изолација изготвени им се на 44 луѓе, а изјави за самоизолација потпишале девет лица. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор