Утрински Весник
Македонија

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема на Општата клиничка болница во Тетово

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема на Општата клиничка болница во Тетово

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Автомат клубовите „Астра“ донираа болнички кревети во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Општа клиничка болница во Тетово.

Како што соопштија од Автомат клубовите „Астра“, групација „Новоматик“, станува збор за електронски болнички кревети кои се донирани на болницата, со цел полесно надминување на предизвиците од пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Водени од заложбата дека секој заслужува достоинствен здравствен третман, а од друга страна и потребата од хоспитализирање на поголем број на болни лица од вообичаено, компаниите дел од Групацијата „Новоматик“ во земјава ја продолжија акцијата за донирање медицинска опрема во здравствените институции кои се задолжени за лекување на болните од Ковид-19 и се веќе на средината на нејзината реализација, се вели во соопштението.

Солидарноста, велат, е она што ќе помогне да се надминат овие тешки денови, па затоа „Астра“ како општествено одговорна компанија реши да подаде рака кон заедницата и на овој начин да им се заблагодари и на здравствените работници кои несебично се вложија во оваа борба за надминување на пандемијата. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица