Утрински Весник
Спорт

Флик за казните на Левандовски и Милер: Разочарувачки е, но мора да ја прифатиме ситуацијата

Флик за казните на Левандовски и Милер: Разочарувачки е, но мора да ја прифатиме ситуацијата

Минхен, 7 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханси Флик призна дека не е задоволен од казните за Роберт Левандовски и Томас Мулер. Вчера двајцата добија жолти картони во победата од 4:2 над Баерн (Леверкузен) и ќе го пропуштат следниот натпревар на екипата во Бундеслигата, кој е против Борусија (Менхенгладбах).

– Разочарувачки е, но не можеме да ја промениме и мора да ја прифатиме ситуацијата. Вие сте емотивни на теренот, но разговарав со судијата Мануел Графе. Тој рече дека Левандовски го удрил противникот и затоа добил картон. Не го видов, па не можам да коментирам. Томас ја блокираше топката кога имаше фаул, па жолтиот картон беше во ред. Ќе се потпреме на двајца други играчи. Ова е понекогаш добро, но важно е и за двајцата да играат 90 минути против Ајнтрахт во среда, изјави Флик.

Во текот на неделата, Баерн ќе се соочи со Ајнтрахт во полуфиналето на Купот на Германија и ќе може да смета на Левандовски и Милер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден