Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ ги одбил Челси и ПСЖ, се чека потег на Барса

Три екипи влегуваат во сериозна битка за Пјаниќ

Барселона, 7 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, ги отфрлил понудите од Челси и Пари Сен Жермен, тврди италијански „Тутоспорт“.

Играчот од средниот ред е во искушение од идејата да игра за Барселона и се надева на договор меѓу каталонскиот клуб и „бјанконерите“.

Босанскиот фудбалер е меѓу приоритетите на „блаугранас“ заедно со Лаутаро Мартинез.

Пјаниќ им кажал на директорите на Јуве дека сака да игра со Лионел Меси. Клубот од Торино пак, знае јасно дека Артур, кој е во сферата на нивни интерес, не би се согласил да биде дел од договорот и да се пресели во Торино. Во исто време, Пјаниќ ќе биде многу тешко да се задржи.

Триесет-годишниот играч од средниот ред има договор со Јуве до 2023 година и е вреден 50 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар