Утрински Весник
Македонија

Од гром во битолско изгоре штала и добитокот во неа

Изгоре борова шума во атарот на село Руиново

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – На место викано „Стрчин“ вчера удрил гром во штала и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа од Битола.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во СВР Битола.

– На место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола, наведуваат во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. мс/ац/

фото МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин