Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници од скопско во полициски час затекнати во тетовско Озормиште

Двајца малолетници од скопско во полициски час затекнати во тетовско Озормиште

Тетово, 7 јуни 2020 (МИА) –  Од 7 часот во саботата до 7 часот утринава СВР Тетово бележи пет случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Две од петте лица се малолетници од скопски села кои биле затекнати во тетовското село Озормиште.

– Сите се приведени во полициска станица каде добиле кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно членот 206 од Кривичниот законик, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 41 лице, додека изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 луѓе. Поради полицискиот час нема извршено контроли кај луѓето со решенија од инспекторатот и тие со самоизолација. Во изминатиот 24-часовен период за неносење заштитни маски изречени се 28 казни.

Граѓаните од сите тетовски општини од четвртокот во 21 часот до понеделник во 5 часот треба да останат во домовите согласно мерката за ограничено движење во насока на спречување на ширење на коронавирусот. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер