Скопје, 7 јуни 2020
Македонија е црна точка во регионот и во Европа, а кластерот СДСМ е ризик за граѓаните.
Многу се опасни тезите на Заев и Филипче дека вирусот слабее.
Уште поопасни се тврдењата дека имаат контрола и ги знаат кластерите.
Дека не е така говори фактот дека секојдневно има над 10 проценти новоинфицирани со корона од тестираните.
Фијаското во справување со корона кризата на медицински план се отсликува и на економски план.
За тоа говорат податоците.
Има потфрлање од планот на УЈП во собирање на даноците. На почетокот на годината планот за наплата даноците за првите пет месеци вели дека УЈП ќе наплати речиси 38,5 милијарди денари, а денес реализацијата е околу 29 милијарди денари. Односно има наплата околу 75 проценти, што збачи потфрлање за 25 проценти!
Ако се следи структурата на наплатени даноци, податоците кај данокот на добивка има потрлање за 45 проценти, кај персоналниот данок на доход потфрлањето е околу 25 проценти, а кај данокот на додадена вредност има најголемо потфрлање повеќе од 47 проценти!
Дека економијата се движи во амбис покажува индустриското производство. Индустриското производство во април месец има намалување за 33,5 проценти. Преработувачката индустрија која најмногу учествува во креирање на економијата има пад од 40 проценти.
Бројката на вработени во индустријата само во април е намалена за 5,1 процент.
Капиталните инвестиции се катастрофални. Реализирани само околу 18 проценти од планот предвиден со ребалансот на Буџетот.
Состојбата е алармантна и кога станува збор за дефицитот, односно зголемен е долгот, а го плаќаат граѓаните. Според проценките до крајот на годината секое семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра.
Потребна е стратегија за решавање на кризата настана од корона вирусот, а не пи-ар настапи на претставници на власта.
Заев и Филипче можат само да донесат повеќе криминал, повеќе корупција, поголем дебакл во справување со корона кризата.
Ако СДСМ не знае, ВМРО-ДПМНЕ знае како да излезе од кризата. Доаѓа обновата. Обновата победува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки