Утрински Весник
Македонија

Пуштен каналот за наводнување во делчевското село Разловци

Пуштен каналот за наводнување во делчевското село Разловци

Делчево, 6 јуни 2020 (МИА) – Во делчевското село Разловци е пуштен каналот за наводнување кој селаните го користат за наводнување на земјоделските површини во текот на летниот период. Како што информираат од АД „Водостопанство“ – подружница Берово, претходно нивни екипи извршиле чистење на самиот канал.

– Во изминатите неколку дена се отстрануваше сета обрасната вегетација околу каналот во горно Разловци. Активноста е важна заради подобриот проток на вода, која ќе им биде потребна на земјоделците во период кога ќе имаат поголема потреба за наводнување на површините, истакнаа од беровската подружница.

Од таму додаваат дека поради врнежите во изминатиот период, водостојот на акумулацијата со која се наводнуваат површините во овој регион од делчевско е стабилен.

– Последните врнежи во Пијанечко-малешевскиот регион ја подобрија состојбата со акумулацијата во Берово. Сметаме дека со сегашната состојба нема потреба од загриженост за недостиг од вода за наводнување. Ако продолжи врнежливиот период можеме да очекуваме дека состојбата ќе биде уште подобра, додаваат од претпријатието.

Од АД „Водостопанство“ – подружница Берово апелираат до земјоделците за какви било проблеми и нивно навремено решавање да ги контактираат надлежните се со цел излегување во пресрет, пред наводнителната сезона. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал