Барселона, 6 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, нема намера да го напушти каталонскиот клуб, и покрај интересот на Манчестер сити.
Според „Мундо Депортиво“ англискиот клуб испратил барање за достапноста на 28-годишниот играч, но самиот играч сака да остане во Каталонија. Тој ќе ја напушти Барселона само доколку управата ја прифати понудата на Манчестер сити.
Серхи Роберто се чувствува себеси важен играч во сегашниот тим и не смета дека е потребно да си замине.
Во сезоната 2019/20, Роберто помина 29 натпревари за Барселона, има еден гол и две асистенции.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Шпанецот на 36 милиони евра. зс/