Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово доби донација од 5 000 заштитни маски

Општина Тетово доби донација од 5 000 заштитни маски

Тетово, 6 јуни 2020 (МИА) – Општина Тетово доби заштитни маски за лице како донација од меѓународната компанија „Леар Корпорејшн“ која има фабрика во тетовската индустриско-развојна зона. Добиени се 5 000 заштитни маски, информираат од Општината.

Оттаму посочија дека овие средства главно ќе се искористат за општински услуги, за општинските хигиеничари, за Територијалната противпожарна единица и ЈП „Градски паркинг“, кои за време на извршувањето на работните обврски се повеќе изложени на ризик од Ковид-19.

Во април, 30 илјади заштитни маски добила општина Тетово од Владата, од кои половина беа поделени на населението и се дистрибуираа до домовите на граѓаните. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити