Утрински Весник
Македонија

Чулев: На земјава и се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Чулев: Забраната за движење генерално се почитува, лишени од слобода 18 лица

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев смета дека на земјава и се потребни фер и демократски избори, но во оној момент, кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат.

Чулев во интервју за Република вели дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за фер и демократски избори и упатува апел за разумност при носењето на какви било одлуки кои би значеле загрозување на здравјето на нацијата и би ја довеле во прашање кредибилноста на тие избори.

Во однос на 80 часовниот карантив викендов во одредени градови, меѓу кои и главниот, Чулев нагласува дека одлуките кои ги носи Владата се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните и тие се дел од мерките насочени кон справување со коронавирусот, но смета дека одлуките се носат со недоволни аргументи и се базираат повеќе на политика, отколку на реални факти.

-Тоа особено беше видливо од моментот кога прашањето за одржување на парламентарни избори стана актуелно во јавноста. Политичкото влијание врз работата на Комисијата за заразни болести чии одлуки Владата генерално ги прифаќа, за жал имаат големо и сериозно влијание на денешната состојба во која се наоѓа нашата држава, а поврзана со пандемијата од Ковид 19, смета Чулев.

Во врска со обвинувањата изминатиот период дека тој има одговорност за зголемување на новозаразените, поради непостапување на МВР, Чулев вели дека Владата сакајќи да ги прикрие неуспешните и неефикасни политики во справувањето со кризата одговорноста ја префрла врз него како единствен претставник на опозицијата.

-Истовремено, политизараноста на Министерството за внатрешни работи е толку голема, што директорот на Бирото за јавна безбедност во јавноста дава политички изјави кои се напишани во штабот кој е сместен на неколку метри од неговата канцеларија, а кои воопшто не кореспондираат со реалната ситуација. Дополнителен аргумент дека ова се само обвинувања насочени кон мене, а  кои имаа политичка позадина се и бројните телеграми испратени од директорот и дополнителниот заменик на министерот со кои на припадниците на Министерството им се укажува дека командата ја има директорот и им се врши притисок да не ги почитуваат актите и одлуките кои во законска постапка ги носи министерот, вели Чулев. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор