Утрински Весник
Спорт

Суарез доби „зелено светло“ за мечот со Мајорка

Суарез доби „зелено светло“ за мечот со Мајорка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 6 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез доби дозвола од медицинскиот персонал на Каталонците да се врати во игра во првиот натпревар на Каталонците по продолжението на сезоната во Ла Лига.

„Блаугранас“ гостуваат кај Мајорка на 13-ти јуни, а Уругваецот може да игра за прв пат, откако претрпе сериозна повреда на десното колено за време на полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид на почетокот на јануари.

Суарез беше подложен на операција на 12 јануари и веќе тренира целосно со останатите играчи на Барселона.

Денес, „Камп Ноу“ официјално објави дека 147 дена по операцијата, Суарез веќе има дозвола од медицинскиот персонал да се врати во игра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место