Утрински Весник
Спорт

Ливерпул му нуди уникатен договор со Ван Дајк

Ван Дајк се согласи на шестгодишен договор со Ливерпул

Ливерпул, 6 јуни 2020 (МИА) – Ливерпул ќе понуди нов договор на Вирџил ван Дајк, кој ќе има уникатни параметри.

Според „Фудбал инсајдер“, договорот ќе биде за цели седум години, што би значело дека по секоја веројатност, Холанѓанецот, кој ќе наполни 29 години следниот месец, ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Вредноста на договорот ќе биде над 50 милиони фунти, т.е. Ван Дајк ќе добива повеќе од 200.000 фунти неделно.

Тековната плата на централниот дефанзивец е 125.000 фунти неделно, а во договорот, од кој останува уште три сезони, има многу бонуси. Таков ќе има и во новиот договор.

Ван Дајк веќе има 113 натпревари за Ливерпул, а тој треба да добие 4 милиони кога ќе достигне до 150.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП