Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА)Пред маркет на локален пат во охридското село Лескоец вчера околу 14 часот, пријавено е дека е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.П.(20) врз Т.М.(21) и нејзината 14 годишна сестра, сите од истото село. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 05.06.2020 околу 15 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од, засега непознато лице врз Ј.Р.(38) од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.06.2020 Н.Т.(41) од Кичево, во полициската станица пријавила дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, била нападната од куче скитник.

На 05.06.2020 околу 16.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека настанал пожар на ул.„Славчо Стојменов“ во куќа во изградба, сопственост на С.Ш.(37). Во пожарот куќата целосно изгорела, а делумно била оштетена и соседната куќа, сопственост на Џ.Ш.. Повредени лица нема. Пожарот била изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани. Увид извршила екипа на Полициската станица Кочани.

На 05.06.2020 околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Истибања, виничко, Д.Т.(53) од с.Истибања испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан“ и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56) од истото село. Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И.. Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син. Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.06.2020 во 18.05 часот во Полициската станица Кратово, Ј.Л.(57) од Куманово пријавил дека од куќата во која живее во с.Коњух, кратовско, се оддалечила неговата сетра В.Д.(56). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица