Утрински Весник
Македонија

Од новите 12 заболени во тетовско, случај во возрасната група од 10 до 20 години

Од новите 12 заболени во тетовско, случај во возрасната група од 10 до 20 години

Тетово, 5 јуни 2020 (МИА) – Две нови жаришта (кластери) на заболени бележи тетовскиот Центар за јавно здравје кај новите 12 заболени од КОВИД-19, додека останатите се поради контакт со веќе заболени лица. Се бележи и случај на заболен во возрасната група од 10 до 20 години.

 -Повеќето случаи се постари од 60 години, но се бележат и заболени во возрасните групи од 10 до 20 години како и од 30 до 50 години. Од 12-те нови случаи во регионот повеќето од случаите се жители на градот Тетово, како и во општина Теарце. По еден случај има во општините Боговиње и Брвеница. Имаме два нови кластери, а другите се контакти од веќе заразени лица, изјави Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центар за јавно здравје Тетово.

Сега на тетовското подрачје има вкупно 100 болни активни случаи, а вкупно се бележат 257 лица кои биле дијагностицирани со КОВИД19. ас/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Подобрувањето на политичката понуда е клучен чекор кон подобра демократија

По 4.000 за секое прваче во оваа општина

Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија