Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео)

Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео)
300x250 opst2

Лисабон, 5 јуни 2020 (МИА) – Автобусот со играчите на Бенфика беше нападнат со камења по првиот натпревар од обновениот шампионат на Португалија, објави прес-службата на клубот на својата официјална веб-страница. Двајца фудбалери се повредени.

Несреќата се случила кога автобусот се движел од стадионот „Естадио да Луж“ до центарот за тренинг.

Играчите од средниот ред Јулијан Вајгл и Андрија Живковиќ се повредени од стакло и веднаш биле однесени во болница.

Бенфика гарантира целосна соработка со властите и ги повика да вложат максимални напори за пронаоѓање на хулиганите.

Во меч од 25 коло, Бенфика ја пречека Тондела, а натпреварот заврши без погодок. Бенфика го предводи пласманот во португалскиот шампионат со 60 бода.

Порто има ист број на бодови.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица