Утрински Весник
Македонија

Почнува тестирањето на компостот од Пречистителната станица за отпадни води кај Кочани

Почнува тестирањето на компостот од Пречистителната станица за отпадни води кај Кочани

Кочани, 5 јуни 2020 (МИА) – Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани ја почнува постапката за хемиско и микробиолошко тестирање на компостот што се произведува како нуспроизвод во Пречистителната станица за отпадни води во селото Мојанци.

Примероци од органското ѓубриво од понеделник ќе се испитуваат на Факултетот за земјоделски науки и храна од каде се очекуваат податоци од хемиската анализа, а микробиолошките резултати треба да се добијат од тестирањето во Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Пречистувањето на отпадната вода од канализациската мрежа во општината е еден од начините со кој придонесуваме за заштита на животната средина, како главна цел, а со производството на органско ѓубриво, како спореден продукт, го помагаме и дополнително го заокружуваме целиот процес за испуштање технички исправна вода во реката Брегалница. По добивањето на резултатите од факултетите кои ќе ги прават испитувањата, ќе поднесеме барање до Министерството за земјоделство за добивање соодветна дозвола со која ќе можеме да го продаваме компостот, истакна Андреј Киров, директор на „Водовод“.

Органското ѓубриво се добива со мешање на филтрираните и наталожени цврсти материи во отпадната вода и оризовата слама. За целиот процес се потребни големи количини слама, па наместо земјоделците да ја палат, таа се собира од полињата во Кочанско и се транспортира до Пречистителната станица, а главниот ефект е намалување на аерозагаденоста.

Дневно се произведуваат по околу 20 кубни метри компост, од кои околу две третини отпаѓаат на сламата.та/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!