Утрински Весник
Политички Партии

ДУИ по повод одбележувањето на 18-годишнината од основањето на партијата

ДУИ по повод одбележувањето на 18-годишнината од основањето на партијата

 

Скопје, 5 јуни 2020 

Денес, Демократската Унија за Интеграција одбележува 18 годишнина од
оснивањето како најголем субјект на Албанците во нашата земја,
наследничка на Ослободителната Народна Армија и легитимен и апсолутен
претставник на политичката воља на Албанците во последните две децении.

Со големо задоволство и гордост за нашето заедничко дејствување, Ви ја
честитам 18-та годишнина од основањето на Демократската Унија за
Интеграција, особено на сите членови, оснивачите, активистите,
подржувачите, симпатизерите, гласачите, содејците, сојузниците и
партнерите, но и на сите граѓани во земјата.

18 години бевме заедно во секој предизвик со кој се соочивме, во безброј
процеси за постигнување на потполната рамноправност, за целосна
интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот
стандард, за обезбедување на иднината на нашата младина и на сите нас.

Денес, драги граѓани, сме полноправна членка на најголемата
воено-политичка алијанса во светот- НАТО, денес сме земја која преговара
со Европската Унија за полноправно членство во големото семејство на
нашиот континент, денес имаме јазична рамноправност, и со целосно
имплементирање на нормативниот дел од Охридскиот Договор, со три
универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта,
институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во
одлучувањето и во изборот, како и раководевме како Албанци и граѓани на
оваа држава со Собранието, Министертвото за Одбрана и за Внатрешни
работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и
Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо.

Сето ова го овозможи Вашата непоколеблива доверба во сите изборни
процеси, парламентарни, локални, претседателски, и референдуми за време
од 18 години од 5-ти јуни 2002 година.

Почитувани,

Минатата година го обележи и одржувањето на Четвртиот спектаколарен
Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, Конгресот на големите
промени во пресрет на следните 20 години на нашата политичка
организација.

Пред Конгресот се одвиваше амбициозен процес на потполна ререгистрација
на членството каде за прв пат се спроведе внатрепартискиот ветинг, за
после да следат избори во сите месни совети и ограноците на ДУИ каде се
избраа повеќе од 90% нови претседатели во стотини наши месни совети и
отприлика 100% нови претседатели на сите органоци, со гарантирано и
квалитативно претставување на жените во сите органи. Конгресот истотака
ги избра и новиот Генерален Совет со повеќе од 70% нови членови и со над
40% преставување на жените, но се основаа и нови органи кои гарантираат
издржливост, конзистентност и долговечност на нашиот субјект како
Конгресот на Постојаноста, Националниот Совет и Централната Изборна
Комисија.

Со статутарните промени, за прв пат една политичка партија во земјата и
пошироко оснива фунцкија, Секретар за еднакви можности, додека со
Декларацијата на својата мисија се определува со духот на солидарноста
за искоренување на нерамноправноста и концетрацијата од помалкуте кај
повеќемината, градејќи општетсво на благосостојба со јавни услуги
одговорни и квалитетни институции, со достоинствено образование,
здраство, плати и пензи грижејќи се за сите категории во општеството и
обезбедувајќи социјален процес вклучувајќи го секој граѓанин и секое
населено место.

Неможам да не спомнам, и во оваа годишнина, дека алтернативата во
Албанската политичка сцена е раздор на гласот и ослабување на Албанската
политичка воља во многу партии кои произлегуваат од раздор и отцепувања,
а не од вољата на граѓаните со цел за подобро дејствување. Секогаш
повторувам дека не ни треба дефакторизација на Албанскиот глас во толку
многу партии и со локално а не целосно застапување. Фрлете им око на
таканаречените лидерски средби и не заборавајте го чуството кое ви ја
создава таа слика.

Ова годишнина не наоѓа во време на невидена пандемија во историјата на
нашата планета која одзема толку многу животи и опфати милиони луѓе во
светот, нештедејќи ја и нашата држава. Ние сите заедно сме во ова битка,
без етнички, културни, верски и државни разлики, и затоа заедно и без
ниту еден исклуок треба да ги почитуваме мерките за заштита со цел да се
вратиме во нормалност и секојдневниот живот.

Почитувани содејци, и сомисленици,

На нашата 18-та годишнина, како и кога само што го започнавме градењето
на Демократската Унија за Интеграција, имаме потреба од еден друг повеќе
од било кога, имаме потреба за солидарноста внатре во организацијата, за
подавање на рака за соработка и подршка, за добербата со која ќе успееме
затоа што нешто големо ни претстои, нешто што ќе побара придонес од сите
нас.

Почитувани граѓани,

Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со
секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги
остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас,
заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори,
да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и
докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот
АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава!!!

На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги
остваруваме, затоа честито пријатели и успех кон остварување на нашите
заеднички цели.

Али Ахмети – лидер на Демократската унија за интеграција 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт