Утрински Весник
Македонија

На влезовите во Струмица се делеа маски и се мереше температура на патници

На влезовите во Струмица се делеа маски и се мереше температура на патници

Струмица, 5 јуни 2020 (МИА) -Во организација на Одделот за превенција при СВР-Струмица и Општинската организација на Црвен крст Струмица на влезовите во градот се делеа маски и се мереше телесната температура на патниците.

-Целта на ова превентивна активност е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да укажеме на задолжително носење на заштитни маски и почитување на одлуките и препораките од Владата на Република Северна Македонија, изјави Хризантема Рендевска, началник на Отсек за превенција при СВР-Струмица.

Црвениот крст најавува продолжување на овие активности и во наредниот период.

-Со нашите волонтери ќе продолжиме да делиме заштитни маски, кои се донација од една општествено одговорна компанија, рече Маријана Тошева, секретар на Општинската организација на Црвен крст-Струмица.

Oд патниците, кои беа контролирани на влезот во Струмица од Радовиш,немаше ниту eден со зголемена телесна температура. Доколку кај некој од нив се забележи повисока температура граѓанинот ќе биде спроведен во Центар за јавно здравје, каде се утврдува дали се работи за моментно зголемена температура или за присуство на коронавирус.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии