Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси тренира сам веќе втор ден

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот
300x250 opst2

Барселона, 5 јуни 2020 (МИА) – Лионел Меси не е дел од тимските активности на Барселона веќе втора последователна тренинг сесија, јавуваат шпанските медиуми.

Денес, како и во средата, капитенот на „Лос Кулес“ остана во фитнес салата за индивидуални вежби. Од „Камп Ноу“ не објавија ништо за причините и навивачите на каталонскиот тим се загрижени.

Првично, извори од клубот уверија дека Лео е здрав и ќе продолжи со тренингот според планот. Според „ТВ3“, сепак, „Ла Пулга“ се подложил на магнетна резонанца, која покажала повреда, што го става под знак прашалник за претстојниот натпревар со Мајорка на крајот на следната недела.

Семуел Умтити, Ансу Фати и Мончу тренираат на лесен режим поради неодамнешни проблеми.

Следната тренинг сесија на Барса е утре, а во недела фудбалерите имаат слободен ден.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг